X
 20.07.2016 Образование

Eдноставен тест кој покажува колку работи вашата логика

Oваа логичка загатка е многу поразлична од останатите бидејќи покажува како вашиот мозок работи кога размислува логично.

 

логика


Во видеото објавено на „YouTube“ за „WonderWhy“, нараторот објаснува како „логичкиот тест“ од 1963 година од Питер Васон може да ви помогне да сфатите колку е логичен вашиот мозок. Само 4% од учесниците во тестот од 1963 година дале точен одговор, а 46% од луѓето одговориле грешно на точно ист начин. Проверете дали ќе можете вие точно да одговорите на тестот.

Изборот на четири карти на Васон бил спроведен во 1970 година за прв пати и од тогаш служи како добар проценувач на логичкото размислување на една личност.

Тестот користи четири карти. На секоја карта има по една буква од едната страна и еден број на другата страна.

 

1


На учесниците им се прикажани четири карти и правилото: Ако картата има самогласка на едната страна, мора да има парен број на другата страна.

 

2


Прашањето е: Кои карти мораат да бидат свртени за да одлучите дали за нив важи или не важи правилото?

Одете надолу за одговор.

 

 

 

 

 

 

 

 



Ако мислите дека тоа се „А“ и „7“, тогаш сте одговориле точно.

Ако мислите дека тоа се „А“ и „2“ тогаш сте одговориле погрешно, како што одговорија и 46% од учесниците.

Зошто овој одговор е погрешен?

Задачата беше да откриете дали правилото се почитува со вртење на картите, а најдобар начин да го направите е да се обидете да го негирате правилото.

Ако се сврти картата „А“, таа треба да има парен број (со што се почитувало правилото), а ако покажало непарен број тогаш не се почитувало правилото.

Ако се сврти картата „К“ таа може да покаже непарен број или парен број. Во основа ова е неважна карта.

Картата „2“ е онаму каде луѓето ја прават грешката бидејќи погрешно го толкуваат правилото: „Ако картата има самогласка на една страна, мора да има парен број на другата страна“. Луѓето кои се обидуваат и ја користат картата „2“ всушност се обидуваат да го применат правилото во двата случаи. Такашто, ако оваа карта е свртена и покаже консонанта, правилото не е прекршено. Затоа нема потреба да се сврти.

Ако се сврти картата „7“, не треба да покаже самогласка. Ако покаже самогласка, тогаш правилото е прекршено и картата е вредна за вртење.

 

3


Зошто толку малку луѓе одговараат точно? Тоа е поврзано со „Индуктивно“ и „Дедуктивно“ расудување.

Индуктивното расудување ја следи изјавата: „Ако картата има самогласка на едната страна, мора да има парен број на другата страна“.

Дедуктивното расудување ја следи изјавата: „Ако картата има парен број на едната страна, мора да има самогласка на другата страна“.

 

4


Друга причина е бидејќи логиката понекогаш е нешто што го применуваме во реалниот живот. Луѓето се подобри во загатката кога буквите и броевите се заменети со примери од реалниот живот. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование