X
 04.04.2019 Живот

Шокантна порака на германска професорка: „Не раѓајте деца!“

И Германија не може без скандали. Најновиот скандал е поврзан со 38-годишната професорка во гимназија Верена Брауншвајгер и нејзината книга-манифест наречена „Без деца наместо бездетни“.

Брауншвајгер во својот манифест пишувала без влакна на јазикот. Таа пишува дека нови деца не се потребни бидејќи нивното раѓање ќе ја влоши климатската состојба на планетата.

Таа објаснува дека секоја нова „гладна уста“ значи нов тон јаглероден диоксид и предупреди: - Наскоро нема да имаме што да дишеме. Глечерите ќе се стопат и сите ќе пропаднеме. Престанете да раѓате!

Таа упати апел до жените доброволно да се откажат од мајчинството, а како уште една причина ја наведува економската криза. Додава дека за мајките што се на породилно отсуство работат сите оние што немаат деца. А според неа, тоа не е фер.

- Од децата нема никаква корист. Тие никого не прават среќни. Родителите се зомбиња што одат. И Ниче говорел дека новородените деца се нечистотија што пристигнува на овој свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот