X
 18.08.2021 Живот

Карл Сејган одговара на прашањето: Дали постои Бог?

Некои јавни интелектуалци честопати не се согласуваат со верниците, други, пак, практикуваат реторички техники со цел да ги избегнат.

Карл Сејган речиси секогаш жестоко дебатираше во врска со оваа тема. Во видеото подолу Сејган го добива токму ова прашање: „Која е вашата лична религија? Дали постои некој вид на Бог за вас? Дали постои цел со оглед на тоа што седиме на оваа дамка среде морето ѕвезди?“

- Не сакам да избегнувам никакви прашања и нема да го избегнам ни ова. Но, што мислите вие кога го користите зборот Бог? - го прашува Карл Сејган водителот.

Тука прашањето го менува својот агол, потпирајќи се на дефиницијата на Сејган во „Бледо сина точка“.

- Зошто едноставно не се разнесеме? - го прашува водителот Сејган.

- Ако се разнесеме, дали тоа го побива постоењето на Бог? - вели Сејган. Ова е интригантен пресврт, но Сејган не одговара на прашањето со прашања. Научното знаење сѐ повеќе нѐ остава сами, вели Сејган што е состојба многу поодговорна отколку да се надевам дека некој ќе нè спаси од себеси.

- Проблемот лежи во самиот Бог, збор толку двосмислен што може да значи многу нешта, а најчесто се користи за тоа дека се согласуваш со некој друг со кого не се согласуваш. И покрај неговата важност, ниту еден термин не може да биде корисен за вистината што опфаќа толку многу различни лични концепции - вели Сејган.



Извор: Open Culture
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот