X
 29.07.2016 Технологија

Летот на соларниот авион - Дали горивото победи?

Штотуку завршениот лет на „Солар импулс 2“ бил атракција, но ништо повеќе од тоа, пишува „Дојче Веле“. Двајца швајцарски пилот, Бернар Пикар и Андре Боршберг успеале да го исполнат својот сон - да го прелетаат светот со авион кој лета со соларна енергија.


Тие тргнале во март изминатата година и по 510 часа летање стигнале во Абу Даби, каде што тргнале. На крајот било заклучено дека соларната техника не нуди решение за сообраќајните проблеми на иднината. „Солар импулс 2“ е само моторна едрилица и со тоа и спотрска едрилица.

Авионот го прелетал светот бидејќи бил чедо на огромна мрежа на обожаватели и донатори, опремен со комплексна модерна технологија. Швајцарските пилот имале контрола од земјата, сателитска комуникација, податоци за временските услови... Доколку нешто тргнало на лошо, по пилотите би тргнале цела група авиони и хеликоптери.

Затоа, завршениот лет не е победа на новата технологија. Меѓутоа, тој ги покажува недостатоците на денешните батерии. Тие се претешки, преслаби и брзо се расипуваат. Дури и најновата генерација батерии не е доволно добра за повеќегодишна интензивна употреба. Веќе дури и батериите за мобилните телефони не траат долго, па како тогаш може да функционира електромобилноста кај авионите?

Новите успеси во развојот на батериите не може да ја замаглат поразителната вистина: енергијата и понатаму убедливо најефикасно се складира во течен или гасен облик. Во превод, тоа е гориво, биолошко или фосилно. Моторите со внатрешно согорвање уште долго ќе останат наш начин на транспорт.

Електромобилноста ќе има улога само на кратки дистанци или таму каде што струјата може директно и постојано да се пренесува во возилото. Електромоторите се доволно силни, но не и батериите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија