Од 2017 година, цените на картите ќе бидат трипати поевтини, откако норвешкиот авиопревозник ќе ги добие стоте нови Боинг 737 Макс авиони.
Секој со задоволство би ги посетил САД, но скапите авионски карти кои чинат неколку стотици евра, се главната причина за одложување на ваквата намера. Нискобуџетните авиокомпании сега засега веќе го покриваат европското небо, но скоро се подготвуваат и летови преку Атлантикот!
Норвешка нискобуџетна авиокомпанија веќе најави дека во својата понуда ќе вклучи и прекуокеански летови до САД по цена од околу 50 фунти, веднаш штом ќе ја добие својата нова авиофлота.
„Можам да ветам дека ќе видите летови со Боинг 737 Макс уште следната година, а цената ќе изнесува 50 фунти“, изјави Томас Рамадал од Норвиџан.
Првите летови се очекуваат во
март 2017 година, а попрецизни датуми и услови ќе се знаат во ноември и декември оваа година. Се разбира дека и покрај должината на летот и овде ќе важат low-cost правилата - секој оброк дополнително се наплаќа, како и багажот што не е рачен. Сепак, и покрај доплатата, картите ќе бидат поисплатливи во однос на денешните цени!