X
 30.07.2016 Живот

Како да препознаете лажго, според агентите на ФБИ?

Говорот на тело може да открие многу, па и дали некој ја кажува вистината или лаже. Но, говорот на тело не е единствената работа која може да издаде еден лажго. Во ФБИ, каде што вработените постојано учат и вежбаат како да „прочитаат“ човек, велат дека постојат некои начини на кои може да се тестира соговорникот и да се провери дали ја кажува вистината.


Непотребни зборови

Ако вашиот соговорник реченицата не ја започнува јасно и одлучно туку додава зборови како „па“, „хм“, „Гледаш“, можеби купува време додека мисли на лага.

Одбранбен став

Ако некој ја кажува вистината, тој ќе може да ја повтори и да заклучи истата работа доколку поставите друго прашање. Во случај да го прашате соговорникот за вистинитоста на тврдењето, нема да му биде проблем да каже дека ја кажува вистината, но доколку лаже, можеби инстинктивно ќе се брани со реченици како „не мора да ми веруваш ако не сакаш“, „јас никогаш не лажам“ и слично.

Непотребно детални одговори

Кога прераскажувате вистински настан, тоа го правите опуштено и кратко опишувате што се случило, а деталите ги споменувате само ако се важни за приказната. Личноста која лаже ќе го менува и мисли одговорот додека зборува, па можеби ќе вклучи и делови кои не се важни или премногу долго ќе се задржи на некои неважни детали. Исто така, подоцна веројатно нема да може да ја повторно истата приказна.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот