X
 04.01.2017 Живот

Лажниот документарец за државата што веќе ја нема

Најверојатно никој не верувал дека режисерот на филмот „Хјустон, имаме проблем“ се збунил или пак намерно помислил дека никој нема да ги забележи грешките?

Документарниот филм на словенскиот режисер Жиг Вирца во последните неколку недели, освен на премиерата на фестивалот Трибека во Њу Јорк, играл во повеќе кина во земјите на Поранешна Југославија. Од извештаите од премиерата а и локалните рецензии и критики, се чини дека филмот успеал да ја привлече и домашната и странската публика, што е реткост во документарната продукција во регионот. Освен фантастичната тема, филмот изобилува со стил кој посебно им се допаѓа на публиката која е веќе научена на преиспитувања и постаналогни контексти на веќе снимен филмски материјал. Ако на момент го занемариме Мајкл Мур, бројни се оние кои креирале наративи од автономни и меѓусебно независни снимки. „Хјустон, имаме проблем“ го создава стилот и формата за приказната за државата пто веќе ја нема.

Филмот раскажува приказна за вселенска програма во бивша Југославија. Тито, притиснат од економските неповолности, за две и пол милијарди долари ја продава програмата на Американците кои се борат вселенска превласт со Русите. По дознавањето дека југословенската програма не содржи ама баш ништо од она што на Американците им треба, притисокот врз Тито да ги врати парите полека почнува да прави проблеми и на државата. Исплатата се трансформира во позајмица, Тито умира, цела Југослвија е во војна.

Освен со колективни последици, филмот се бави и со индивидуална приказна за Иван Павиќ, инжинер кој е продаден на Американците како бело научно робје. Иван без знаење на средината мора да ја напушти татковината, бремената жена и да се посвети на вселенската програма. Филмот се осврнува на неговиот живот откако се враќа во татковината, 50 години од заминувањето. По првото прикажување, се покажува дека фокусот на критиката и публиката најчесто е насочен на прашањата околу автентичноста на приказната. Филмот е уште наречен „мокјументари“, таканаречен лажен документарен филм.

lazen

Некои гледачи, по „признавањето“ на Вирца за лажната приказна, биле видно разочарани и сметале дека се измамени бидејќи верувале во интригата. Тој во интервјуата нагласувал дека главната цел на филмот е преиспитување, не само конспирациски теории, но концептот на вистината воопшто не е цел, односно вистината и фикцијата во филмот се соединети и од публиката се бара активна анализа.

Интересни се и парадоксите на српско-хрватските текстови по регионалната премиера. Секој упатува осуда или аплаудирање на филмот и заземање на страна – обид за распадот на Југославија да се прикаже како завера на Западот, или пак според други критичари филмот нуди интелигентен и балансиран поглед на распадот на Југославија.  Хрватскиот режисер Дамир Радиќ смета дека главен проблем е фалсификувањето на историските факти, додека па Ненад Полимац вели дека во филмот има лажна хронологија.

Тие неколку премиери на филмови кои се бават со лажна хронологија се симптоматични.  Сигурно режисерот на сметал дека никој нема да ги забележи грешките. Филмот намерно го менува временскиот распоред бидејќи е јасно дека тоа е ставот на режисерот за да постави одредени прашања за документарецот кој ја пишува амтернативната „вистина“.

„Мокументарците“ се можеби и највистинитиот поджанр на документарните филмови бидејќи константно ги користат сите стилски елементи на кои сме навикнале во документарните филмови, но во својство на деконструкција на објективноста и дистанцата. Докуменатрниот филм најчесто се базира на очекувањата на публиката која од различни побуди сака да им верува на сликите кои ги гледа пред себе и да научи нешто ново.

Вчитувањето на митот за поранешната држава во која никој не верувал, а за која сега сите жалат, е едноставно, но сеќавањето во филмот е сепак одредено со медиумското секавање на работите и настаните, а не и нужно фактичко. Заради тоа е и јасна играта со хронологијата која не создава лага, туку контрафактичка историја. Зависно од идеологиите, отсјајот на оваа специфична филмска слика варира. Може да се вчита заверата на странските сили, југоносталгијата, парадигмата на теророт на Тито...

Секој филм е репрезентација на нечиј поглед на светот, а не на самата вистина, сметаат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот