На денешен ден пред 113 години започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Националниот празник на Македонија ќе се прослави со повеќе манифестации.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ќе положи цвеќе и ќе се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце, а собраниска делегација предводена од претседателот Трајко Вељаноски. На Гумење во Крушево, во пресрет на денешното одбележување на македонскиот национален празник 2 Август, по 49. пат синоќа беа отворени Научно-културните средби „10 Дена Крушевска Репубика“. На отворањето присуствуваше и премиерот Емил Димитриев.