Енди Парк е електричар од Англија кој се нарекува господин Божиќ со причина. Тој тврди дека го слави Божиќ секој ден во годината. Во неговиот дом божиќното дрво секогаш е украсено, а тој пие празничен пијалак и јаде традиционални колачи секое утро.
Енди го прави ова веќе 21 година. Тој живее сам откако се развел, пред 24 години, и вели дека е тешко да се најде партнер кој е подготвен да го слави празникот секој ден.
Неговиот начин на живот, односно трошоците за славење на Божиќ секој ден, го чинеле над 1 милион фунти, открива тој во документарен филм.
Неговата приказна и приказната за други луѓе што го обожаваат празникот може да се слушне во филмот во продолжение.
Извор:
Real Stories
Фото: YouTube (Printscreen)