X
 06.08.2016 Технологија

Ѕирнете во новата лабораторија на Фејсбук

Фејсбук одамна е повеќе од социјална мрежа. Комбинацијата од хардвер и софтвер преедизвика компанијата да порасне во една од најпрофитабилните во светот.

 

2


Сега, за прв пат Фејсбук ги отвори вратите од нејзината нова хардвер лабораторија наречена Ареа 404.

Именувана по интернет грешката „Page not found“, ова е местото каде Фејсбук повеќе не е веб страна и место каде се среќава со физичкиот свет. Новата лабораторија во близина на северниот крај на компанијата Менло Парк, Калифорнија, ќе гради делови за беспилотни летала, сервери, слушалки за виртуелна реалност и други работи.


На отворањето на лабораторијата, Марк Цукерберг изјави дека станува збор за една од најголемите и најнапредни лаборатории што ги изградила компанијата.

„Во текот на следните 10 години, ќе градиме сè, од Окулус слушалки до соларни авиони“, изјави основачот на компанијата на Фејсбук постот.

„Отсекогаш сме имале лаборатории за секој тим, меѓутоа нашата нова лабораторија ќе биде центар каде инженерите можат да работат заедно за да се направи побрз напредок кон поврзување на светот“, додава Марк.


Освен поврзување на 1.7 милијарди луѓе секој месец, Фејсбук развива и сопствен хардвер. Од 2011 година, компанијата создаде сопствени центри за податоци, развиени да се справат со барањата поставени на мрежите. Во создавањето на сопствена инфраструктура, компанијата создаде и свои сервери, напојување и рамки.

Оттогаш се одлучи за поголеми инфраструктурни задачи. Во мај беше најавено дека ќе создава свој подморски кабел за податоци со Мајкрософт, додека Аквила дронот беше успешно тестиран во јули 2016 година. Исто така, беше создадена 360 видео камера. Иако ниту еден од овие производи нема да биде произведуван во новата 404 лабораторија, центарот ќе се користи за развивање и тестирање на прототип делови и уреди - дури и ако голем дел од нив нема да стигнат до масовно производство.

 

3

 

Идејата позади новата лабораторија е да им се овозможи на компјутерските научници и инженери на Фејсбук да работат заедно. Потпретседателот на компанијата, Џејсон Тејлор изјави дека инженерите ќе можат да дизајнираат производи со компјутерски потпомогнат дизајнерски софтверт, а потоа да создадат прототип.


„Новата лабораторија со големина на половина фудбалско игралиште е исполнета со сè. Таа дури има и електронски микроскоп и CT скенер кој ќе им овозможи на инженерите да ги испитаат компонентите за анализа на неуспехот“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија