X
 07.03.2016 Технологија

Како да го искористите „Мinecraft" во лекциите по наука?

„Minecraft“ е неверојатно популарна игра и за децата и за возрасните. Може да се користи на компјутер, а постои и апликација и во „App store“ и во „Google Play“. Премисата на играта е да создавате работи и да создадете сопствен свет.

Иако често се смета за само уште една игра, „Minecraft“ има доста образовни намени.

Имајќи во предвид дека неговите ученици ја обожаваат играта, еден наставник измисли брилијантен начин како да ја вметне играта во неговите часови по наука, поконкретно за време на часот кога учениците учеле за коло.

Откако неговиот клас успешно го направил „Minecraft“ предизвикот, учениците успеале да создадат вистинско коло.


Како да создадете коло во „Minecraft“?

Најпрво поставете ја „Redstone Lamp“ на земјата. Потоа искористете „Redstone Dirt“ како жица и поврзете ја ламбата со „Lever“.


Дали „Minecraft“ е научно точна?

Одговорот е не. Ако се уништи жицата од едната страна, струјата сепак може да ја стигне светилката на другата страна. Сепак, за овој наставник ова било одлична можност да разговара со неговите ученици кои беа и повеќе од среќни што ја забележале оваа грешка во играта.


Сепак, може да се направи серија на кола кои ќе бидат научно точни.

На кои други начини може играта да биде искористена за време на час?

- Играта исто така овозможува соработка; ако учениците влезат во истиот свет, тие можат да работат на проекти заедно.


- Може да се создаде музика со користење на различни блокови за звук.

- Може да се користи за математика - волуменот на предметите со користење на блоковите.

- Може да се направи прототип проект.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија