X
 14.02.2019 Култура

Фотографија што потврдува дека и животните имаат чувства

Фотографија од два лава под наслов „Врска на браќата“ е победник на наградата „Избор на луѓето“ на овогодишниот натпревар „Див свет - фотограф на годината“.

Фотографијата ја направи професионалниот фотограф Дејвид Лојд, кој беше избран за победник од 45.000 записи. Кратката листа со 25 фотографии беше избрана од Природонаучниот музеј и беше отворена за јавноста да гласа за омилената фотографија.

- Мило ми е што оваа фотографија беше успешна затоа што ги илустрира емоциите и чувствата на животните и нагласува дека чувствата не се присутни само кај луѓето. Ова е нешто за кое луѓето треба да бидат свесни, за доброто на сите животни - вели Лојд.

Ова се  неколку од фотографиите избрани од Природнонаучниот музеј.

1
Фото: Matthew Maran

2
Фото: Justin Hofman

3
Фото: Wim Van Den Heever

4
Фото: Bence Mate

6
Фото: David Lloyd

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура