Кандидатите за Оскар 2017 година се собраа на годишниот оскаровски ручек со цел да ги прослават нивните исклучителни достигнувања.
Толпата од кандидати за Оскар застанаа заедно на сцената во хотелот Беверли Хилс во Лос Анџелес за да се фотографираат за традиционалната фотографија од сите кандидати за Оскар.
Помеѓу многуте ѕвезди беа и Ема Стоун и Рајан Гослинг кои глумат во „La La Land“, а на црвениот тепих се најде и Мишел Вилијамс, која е номинирана за најдобра актерка за улогата „Manchester by the Sea“. Ова е нејзината четврта номинација за
Оскар.
За време на настанот кандидатите добија совети за тоа што треба, а што не треба да прават во текот на церемонијата, и им беа доделени сертификати за нивната номинација.
„La La Land“ доби најголем број на номинации - неверојатни 14, рекорд кој го достигнаа само „All About Eve“ и „Titanic“.
Модерниот мјузикл ги освои фановите и веќе освои седум Златни Глобуси. Рајан Гослинг и Ема Стоун се номинирани за најдобар актер и најдобра актерка во главна улога.
89-та церемонија на доделување Оскари ќе се одржи на 26 февруари во театарот Долби.