X
 07.08.2016 Наука

Планетата од Сончевиот систем за која најмалку знаеме

Уран е седмата планета од Сонцето и третата планета по големина во Сончевиот систем. Иако за неговите „соседи“, Јупитер и Сатурн веќе знаеме многу благодарение на сондите кои научниците ги испратија во нивната орбита, Уран останува неистражен.

 

уран


Оваа планета е четири пати поголема од Земјата и како Сатурн има прстени, но не толку видливи. Има најмалку 27 природни сателити, а последниот пат кога била снимена релативно блиску, било кога Војаџер II поминал покрај неа во 1986 година.

Сепак, Уран можеби е една од најинтересните планети од Сончевиот систем бидејќи нејзината оска на ротација е толку поместена, што се чини дека планетата е превртена на екваторот.

Покрај тоа, оската на оваа планета се наоѓа под агол од 97.8 степени.

Што се случило со оваа планета?

Набргу после формирањето на Сонцето и планетите, во нашето соседство завладеал вистински хаос. Младите планети се судирале, се туркале едни со други во новите орбити, а некои целосно биле исфрлени од системот, додека некои веројатно удриле во Сонцето и засекогаш исчезнале во неговите пламени јазици.

Нашата Месечина веројатно настанала кога некој објект со големина на Марс удрил во Земјата. Сончевиот систем каков што го знаеме денес е систем на „победнички планети“, а Уран очигледно „за влакно“ се извлекол од битката. Имено, кратко после создавањето на Уран, нешто големо удрило во него - ова научниците го знаат затоа што и неговите сателити имаат иста навалена оска како и планетата.

Кога се случил овој силен удар, планетата се „превртила“, а сателитите се формирале со оска под ист наклон. Тоа во голема мера влијаело врз Уран. Додека патува околу Сонцето во својата 84 години долга орбита, неговиот северен пол е 42 години свртен кон Сонцето.

Кога би стоеле на северниот пол на Уран, Сонцето би сјаело 42 години, а тогаш би излегло од хоризонтот и не би го виделе со децении, додека повторно не се појави. 
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука