Ако сакате да го привлечете вниманието на извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, тогаш треба да ги подобрите вашите технолошки вештини. Според неговото мислење, кодирањето е вториот најважен јазик што децата треба да го научат.
- Мислам дека секое дете треба да научи да кодира. Тоа не значи дека мора да станете програмер, но без оглед на тоа дали сакате наука или уметност, во денешно време мора да ги знаете основите на кодирањето - вели Кук.
Тој не е единствениот директор што во последно време ја истакнува важноста на овие вештини. И Бил Гејтс смета дека е потребно човек да знае барем еден програмски јазик.
Освен што ова знаење го ценат лидерите на најголемите компании во светот, програмирањето воедно е и една од најценетите вештини на бизнис-мрежата „Линкдин“.
Други вештини што се ценети на работното место се креативноста, менаџирањето со времето и соработката. Всушност, тие вештини сега е неопходно да ги имаат работниците доколку сакаат да успеат.
- Работодавците ја препознаваат важноста на прифаќањето на модерните технологии и ги
препознаваат оние работи што не може да ги направи технологијата: поврзувањето со другите, размислувањето и брзото приспособување на новите проблеми, како и подредувањето на приоритетите на проектите. За тие работи и понатаму е пресуден човекот - вели Пол Петрон, уредник на програмата за учење на „Линкдин“.