„Фаќањето“ Покемони во Иран е невозможна мисија, со оглед на тоа што ова е земјата која прва го забрани играњето на оваа мегапопуларна игра.
Се'уште не е јасно зошто Иран донесе ваква одлука, меѓутоа се смета дека играта довела до „загриженост за сигурноста на граѓаните“.
Еден од компјутерските експерти верува дека играта ги охрабрува играчите да бидат креативни кога станува збор за следење на трагите на Покемони, па дури и навечер, што може да претставува проблем.
Можно е Иран да сака да го спречи „Покемон ефектот“, име на ефектот во кој десетина па дури и стотина луѓе се наоѓаат на иста локација во исто време и тука поминуваат и по неколку часа. Дури и се забележани случаи во кои луѓето се ограбени на одредени „Покемон станици“.
Иран за забраната размислуваше и минатиот месец меѓутоа чекаше да види дали ќе може со создавачите на играта да се договорат за деталите во врска со забраната. Иран е првата земја која ја забранува играта, но ова дефинитивно не е првото размислување за забрана.
Властите во Сингапур исто така детално го земаат во предвид овој случај. „Ќе ја следиме ситуацијата, на кој начин оваа игра се игра и како таа влијае врз општеството“, изјави сингапурскиот министер за комуникации.