X
 30.12.2024 Технологија

Дали вештачката интелигенција може да биде одговорна за морални престапи?

Поседувањето карактеристики слични на човечкиот ум може да ја зголеми веројатноста вештачката интелигенција да стане жртвено јагне. Имено, колку повеќе вештачката интелигенција наликува на човекот, толку повеќе луѓето се склони да ѝ припишуваат поголема вина за различни морални престапи во реалниот свет, покажуваат резултатите од истражувањето на Корејскиот женски универзитет „Сукмјунг“ во Сеул, Кореја.

Одамна е познато дека луѓето со задоволство ја обвинуваат вештачката интелигенција за разни престапи, на пример, во случаи кога автономно возило удира пешак или за последиците од одлуките што предизвикале несреќа на работа, во медицинската дијагностика или во воените вежби и операции. Некои истражувања покажуваат дека луѓето повеќе ја обвинуваат вештачката интелигенција, која се смета за способна за свесност, размислување и планирање.

Корејските истражувачи им презентирале на учесниците во студијата различни примери на морални престапи, кои вклучуваат вештачка интелигенција од реалниот свет, и потоа го процениле степенот на вината што луѓето ја препишуваат на вештачката интелигенција, нејзиниот развивач, компанијата зад неа или владиниот орган. И секогаш кога вештачката интелигенција ќе ги потсети на човечкиот ум, луѓето ќе ја префрлат целата вина врз неа. И кога станува збор за распределување на релативната вина, луѓето ќе ѝ припишат помала вина на компанијата вклучена во развојот на обвинетата вештачка интелигенција.

Овие наоди покажуваат дека перцепцијата на умот на вештачката интелигенција е клучен фактор за припишување вина за работите што тргнуваат наопаку. Истражувачите стравуваат од потенцијалните штетни последици од злоупотребата на вештачката интелигенција како жртвено јагне.

- Дали вештачката интелигенција може да се смета за одговорна за морални престапи? Ова истражување покажува дека перцепцијата на вештачката интелигенција како човечка ја зголемува вината на вештачката интелигенција, а ја намалува вината на луѓето што учествувале во нејзиното создавање - предупредуваат корејските истражувачи.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија