Дали некогаш ви се случило да испаничите бидејќи сте испратиле порака што не требало да ја испратите или, пак, сте ѝ испратиле порака на погрешна личност?
Се чини дека „Фејсбук“ сака да ви помогне и да ви го олесни животот.
Социјалната мрежа започна да ја тестира најновата опција што ќе ви даде мал временски период пред испратената порака да стигне до личноста на која сте ѝ ја испратиле.
Според неофицијални информации, наскоро, со подолго притискање на пораката, ќе можеме да го спречиме нејзиното испраќање - но ќе постои граница во врска со тоа колку пораки можете да повлечете.
„
Фејсбук“ моментално ја тестира оваа функција со мал број корисници и сѐ уште не е познато дали и кога ќе биде достапна за сите.