Фото: Martina Paukova
Брегот на Торонто, каде што источниот дел на градот се среќава со езерото Онтарио, претставува место од цемент и нечистотија. Дом на водоводни и електрични продавници, паркинзи, складишта за зимски чамци и силос изграден во 1943 година за чување соја.
Жителите ја опишуваат локацијата како недоволно искористена и контаминирана. „Сајдвок Лебс“ сака да ја трансформира во една од најиновативните градски населби во светот. Според визијата на компанијата, ова би било место каде што автономните шатл-автобуси ќе ги заменат приватните автомобили, семафорите ќе го следат протокот на пешаци, велосипедистите и возилата; роботите ќе ја доставуваат поштата и ќе го земаат ѓубрето преку подземни тунели, а модуларните згради ќе бидат проширени за да се приспособат на растечките компании и семејства.
Во почетокот на 21 век таканаречените паметни градови станаа популарни. Воодушевени од идејата за урбани области кои ќе ја користат технологијата за намалување на потрошувачката на енергија и на загадувањето, подобрување на транспортот, Кина, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати ангажирале програмери за трансформирање големи делови од земјиштето во фотогени градови со најнови иновации.
Сепак, не успеале да ги реализираат своите високи амбиции. „Сајдвок Лебс“, основана во 2015 година како подружница на „Алфабет“, за да развие технологија за решавање на урбаните проблеми, верува дека може да го надмине овој тренд, тесно соработувајќи со заедницата и приспособувајќи ја технологијата на локалните потреби.
Соседството Куајсајд е првиот голем проект на „Сајдвок“. Се очекува да живеат околу 5.000 луѓе, а подоцнежниот развој би можел да го прошири земјиштето на 700 акри, така што би можеле да живеат над 10.000 луѓе. „Нашето размислување за Куајсајд е обликувано од прашањето: Кои технологии од 21 век ни овозможуваат да овозможиме подобри услови?, вели Рит Агарвала, извршен директор за планирање на урбаните системи на „Сајдвок Лебс“.
Фото: Martina Paukova
Автономните автомобили ќе имаат огромна улога. „Сајдвок“ смета дека попрецизно ќе управуваат и ќе се придржуваат до законите на сообраќајот од човечките возачи, па затоа сака да стави потесни ленти во Куајсајд и да овозможи повеќе простор за тротоари и паркови. Теоретски, користењето автономни автомобили би значело дека помалку луѓе би имале потреба да поседуваат автомобили, со што семејствата би заштедиле по 6.000 долари годишно.
Клучот ќе биде мониторинг на јавната активност - точно и често. Вклучувањето на автономните автобуси на градските улици бара да се знае кога да се променат светлата и другите сигнали за на велосипедистите и пешачите да им се даде предност.
„Сајдвок“ вели дека информациите од сензорот ќе поддржуваат долгорочно планирање. Податоците ќе го поттикнат виртуелниот модел на Куајсајд, што урбанистичките планери би можеле да го искористат за брзо тестирање на инфраструктурните промени, по ниски трошоци и без да им досадуваат на жителите.
„Ватерфрон Торонто“ издаде барање за партнер во март 2017 година и го објави својот избор на „Сајдвок Лебс“ во октомври. Двете организации имаат една година да одлучат за технологијата, кои компании ќе бидат покрај нив и како ќе го финансираат проектот. „Сајдвок“ ќе потроши 50 милиони долари за првата фаза на планирање, која веќе започна. Пилот-тестирањето е закажано за подоцна оваа година. Изградбата би можела да почне наредната година.
„Ако Куајсајд е успешен, градовите во Канада и на други места нема да имаат избор освен да го имитираат, бидејќи ќе има огромни импликации во однос на одржливоста и квалитетот на животот“, вели Кристофер де Сос, кој раководи со училиштето за урбано и регионално планирање на Универзитетот „Риес“ во Торонто.
Фото: Martina Paukova
„Сајдвок“ ги гледа паметните градови како паметни телефони. Себеси се смета за платформен оператор одговорен за нудење основни алатки, како што „Гугл“ го прави тоа со својот оперативен систем за паметни телефони, „Андроид“.
Еден начин на кој „Сајдвок“ се разликува од „Гугл“ и од „Андроид“ е начинот на кој планира да заработи пари. Стартап-компанијата сè уште се обидува да го открие својот бизнис-модел, но вели дека очекува да ја лиценцира технологијата што Куајсајд ќе ја произведува за другите градови, наместо да собира податоци за потрошувачите и да им ги продава на рекламите.
Иако „Сајдвок Лаб“ вели дека дел од податоците ќе бидат
искористени за целите на заедницата, како што се давање транзитни попусти на жителите со ниски примања, регулирање на температурите во зградата, сепак, луѓето не се убедени. „Ватерфронт Торонто“ вели дека „Сајдвок“ е одговорна за објаснување кои лични податоци ќе ги собира и зошто, и како ќе ги чува информациите.