Фејсбук сега ви овозможува да го поставите знамето од вашата земја на вашата профилна фотографија - без посебен настан или цел.
Веќе некое време, на Фејсбук гледаме рамки на профилите, а во декември социјалната мрежа овозможи и прикачување на сопствени рамки (доколку одговараат на квалитетот на стандард што го нуди). Сега опцијата овозможува знамиња од скоро 200 различни држави.
За да го направите тоа, посетете ја
ОВАА страница или едноставно притиснете на вашата профилна фотографија и изберете „Add frame“ на вашиот паметен телефон, а потоа пребарајте ја вашата земја.
Опцијата се појавува непосредно после новиот манифест на Марк Цукерберг кој изјави дека сака да ја претвори оваа социјална мрежа во обединето глобално општество.