X
 20.01.2018 Живот

Како изгледа унифицираното знаме на Кореја?

Северна и Јужна Кореја се договориле да формираат комбиниран хокејски женски тим што ќе учествува на Олимписките игри во Пјонгјанг, Јужна Кореја. Се вели дека тимот ќе маршира под унифицирано знаме на церемонијата за отворање на Игрите.

фото извор: Wikimedia Commons

Исто така, најавено е дека Северна Кореја ќе испрати 550 члена на делегација, меѓу кои 230 навивачки, 140 артисти и 30 играчи на теквондо за демонстрација. Делегацијата ќе започне со пристигнување во Јужна Кореја на 25 јануари. Ова не е првпат да се случи марширање под унифицирано корејско знаме. Знамето првпат било користено во 1991 година кога двете земји се натпреваруваа како една, на шампионатот во пинг-понг во Јапонија. Се користело и на првенството за младински фудбал истата година во Лисабон, како и на летните Олимписки игри во 2000 и 2004 година, зимските Олимписки игри во Турин во 2006 и 2002 и 2006 година на азиските Игри.

Знамето било истакнато и на јавно поставување во 2017 година кога фановите од Јужна Кореја вееја унифицирани знамиња додека навиваа за играчите на Северна Кореја на светското првенство во хокеј, на натпревар токму помеѓу Северна и Јужна Кореја. Јужна Кореја го доби натпреварот со резултат 3:0.

Двете земји маршираа одвоено на Олимписките игри уште од летото 2008 година.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот