X
 10.08.2016 Наука

Откриена е тајна база на Америка

база

 

Климатските промени кои предизвикаа топење на ледената покривка во Гернланд започнаа да го откриваат тајниот американски објект за нуклеарно оружје - наследство од Студената војна кое било добро сокриено дури 50 години.


Тајната база се наоѓа во северозападниот дел на Гренланд, а тука се извршувале тестирања со биолошки, нуклеарни и хемиски материјали. Базата го добила името „Проект леден црв“ поради тајниот проект кој американската војска го започнала пред почетокот на Студената војна.

Иако за базата се знае веќе 20 години, истражувањата од 2016 година покажуваат дека сега, поради топење на мразот, се заканува излевање на отпадот од неа. Како што се наведува, во оваа област топењето е забрзано и за 88 години базата, која се наоѓала закопана во мразот, ќе биде целосно откриена.

Америка поставила 600 проектили од среден дострел кои можеле лесно да се испукаат кон Советскиот Сојуз. За да бидат сигурни во проектот, инженерите го издупчиле дебелиот леден слој и создале објект каде можеле да го чуваат оружјето за масовно уништување.

Данската влада, која е сопственик на Гренланд не знаела што точно прават Американците. Америка постојано лажеле со објаснување дека градат воена база на површината, а објектот наводно требало да ја испита можноста за експериментирање на ледена површина.

Американците лажниот камп и тајната подземна база ја изградиле до 1963 година. Тие создале мало општество луѓе кои таму работеле и живееле. Имале продавници, болници, театар и црква. Сепак, во еден момент, геолозите сфатиле дека глечерот се лизга на ова место и дека ќе ги уништи тунелите до крајот на 1965 година. Затоа се затворил целиот комплекс.

„Ја напуштија базата и нејзиниот отпад. Притоа претпоставувале дека засекогаш ќе биде затрупана под снегот“, пишуваат истражувачите во нивниот извештај.

Но, тие не ги предвидувале климатските промени кои надоаѓале во оваа област. Арктикот се топи побрзо отколку било кое друго место на Земјата. Базата сега е откриена, а последиците можат да бидат катастрофални за животната средина.

Течноста која се состои од стотици илјади литри дизел гориво, отпадни води и токсични материјали тече директно во мразот. Со оглед на брзината на загтоплување, научниците предвидуваат дека сето тоа ќе се излее до 2090 година. Ако хемикалиите се излеат во океаните, целосно ќе се наруши рамнотежата на екосистемот.

„Прашање на време е кога се' ќе се истопи, а последиците од тоа ќе бидат несогледливи“, заклучува научникот Вилијан Колгам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука