X
 12.05.2015 Живот

Што му се случува на мозокот кога чувате тајна?

Секој има тајни, но ново истражување од универзитетот „Колумбија“ покажува дека чувањето на истите не е само прашање на приватност. Како што излегува, чувањето тајни може да има сериозно влијание на нашиот ум и нашата перспектива.


Професорот Мајкл Слипијан работел со две групи луѓе кои чувале тајна. Едната група се фокусирала на тајни кои биле покомплицирани и потешки, а другата полесни и помалку значајни.

Потоа на сите учесници им била покажана слика од рид и требале да пресудат колку стрмен бил. Откритијата биле неверојатни.

Според анализата, учесниците кои чувале значајна тајна проценувале поголема стрмина за ридот, со што ридот претставувал потежок и пооддалечен за нив. Професорот заклучува дека позначајните тајни бараат поголема мозочна работа, што буквално ги уморува луѓето.

„Колку повеќе се преокупирате од одредена тајна и размислувате за неа, толку почесто ги користите когнитивните и мотивациски извори и имате помала енергија за спроведување други задачи. Работите околу вас стануваат потешки“, пишува во истражувањето.

Следниот пат кога ќе бидете под стрес, не кријте го тоа од другите. Можеби ќе ви биде полесно доколку кажете некому за проблемот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот