X
 23.11.2016 Култура

Америка - кошмарот на Франц Кафка

кафка

 

Карл Росман имал само шеснаесет години кога го пратиле во Америка како емигрант. Причината била едноставна: се сплеткал со куќната помошничка. Нејзината непланирана и неочекувана бременост, претставувала проблем што морал итно да се реши – со иселување на Карл во Америка.


Историјата иронично се поиграла со писателот и неговиот јунак: додека Карл морал да замине во Америка, затоа што и’ направил дете на слугинката, неговите браќа според Бог, жртви на христијанската клетва и нацистичката омраза, во реалноста бегале во Америка пред Холокаустот. А, успевале само најсреќните.

Кафка чезнеел за Америка, ама не се одважил да замине. Но, неговиот роман, првиот што почнал да го пишува и првиот од кого се откажал, не зборува за тој копнеж. Сосема спротивно, Америка  е неговиот кошмар. Можеби овој необичен, за читателите привлечен и забавен роман, е приказна за кошмарот, а Карл Росман  е лик од соништата.

Се работи за еден од оние типични кошмари: како да сонувате дека сте во градски метеж боси, без чевли, или во пижами на сред театар, без пасош во туѓа земја, а јазикот ви е непознат... Така Карл се затекнува на бродот кој пристигнува во пристаништето во Њујорк, а тој го заборава своето куферче на палубата...

Сите натамошни случувања потоа, логично се надоврзуваат на тоа куферче во кое мајка му ги спакувала сите работи што требало да му користат во новиот свет. Стар костум, алишта за преслекување и други ситници што реално не можат да помогнат да се снајде во новиот живот, но значењето на губитокот не е во вредноста на загубените предмети, туку во срамот, во разоткривањето, во губитокот на интимата, во тоа што некој друг ќе ги гледа и допира неговите работи.

 

Патот во  Америка, или залудниот обид  да го пронајде својот живот патувајќи во таа земја, за Карл Росман е само непријатно и конфузно  продолжение, последица од тоа прво разоткривање.  

„Америка“ за читателот е бесконечен кошмар, роман што навистина навлегува во сонот на читателот и се провлекува со години откако ќе се прочита.

Карл Росман се однесува исклучиво реактивно – што е карактеристика за романите на Кафка. Тој дава одговор на околностите во кои запаѓа, која од која понеобични и понеразбирливи, се соочува со удари на судбината за кои не знае од која страна доаѓаат, и константно е во некоја форма на бегство и повлекување. Единствено што реално направил во својот краток и беден животен век е скандалот со куќната помошничка. Ситен повод  со големи последици.

Карл Росман е типичен јунак на хумористичен роман. Роман со едноставна и предвидлива.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура