X
 11.08.2016 Образование

Никола Даневски - еден од најдобрите македонски математичари

Запознајте го Никола Даневски - 16 годишниот ученик од Куманово кој беше прогласен за најуспешен математичар.

 

математика


Уште од мали нозе, Никола започнал да учествува на натпревари по математика. Заедно со неговата наставничка Наташа Ангеловска тој го освоил првото место на регионалниот натпревар по математика во четврто одделение.

Во периодот од петто до осмо одделение, неговата класна раководителка и наставничка по матемаика Снежана Стефановска продолжила да работи со него и да го поддржува и поттикнува во учеството на понатамошните натпревари освојувајќи први и втори награди на регионалните и државните натпревари.

 

1


Во шесто одделение Никола започнува да учествува на јуниорската македонска математичка олимпијада каде има освоено два бронзени и еден златен медал. Во 2013 година Никола беше најмладиот учесник во тимот на Македонија за јуниорската балканска математичка олимпијада која се одржа во Анталија, Турција. Веќе следната година тој успева да освои бронзен медал на истиот натпревар.


Освен први места по математика, Никола амбициозно учествува и освојува први, втори и трети награди по информатика и физика.

 

2


Средното образование го продолжува во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје и секако продолжува со успесите на математичко поле. Во прва година освои прва нагррада на државниот натпревар по математика и бронзен медал на македонската математичка олимпијада под менторство на професорот Јилмаз Деликтас. Никола беше дел и од математичкиот куп во Белград, Србија, учествуваше на Балканската олимпијада во Тирана, Албанија и Интернационалната математичка олимпијада (ИМО) во Хонг Конг каде освои пофалница и одличен пласман.

Да му честитаме на ова амбициозно момче и да му посакаме уште поголем успех понатаму!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование