X
 10.11.2015 Образование

Практични правила за професорите

Марија Монтесори е италијански педагог, доктор и создавач на педагошките методи Монтесори.

 

монтесори


Таа отсекогаш ја истакнувала важноста на опкружувањето за децата во текот на периодот на „умот кој апсорбира“. Таа остави многу јасни правила за тоа како треба да изгледа работната средина и која треба да биде улогата на возрасните кои ја водат работата.

„Ако постои една работа со која мора да се одликува средината за децата, тоа е работата. Во делот во кој возрасните луѓето го одржуваат или не го одржуваат овој ред, работата ќе биде или успешна или залудна“ - Марија Монтесори.

Практичните правила за наставниците се:

1. Внимателно грижете се за средината да биде чиста, уредна и организирана.

2. Разубавете ја со бои, ако е потребно и шиење.

3. Кога предавате употребувајте предмети; покажувајте практични вештини со смирени, точни и грациозни движења за децата да можат да ги повторат.

4. Ставете го детето во поддржана средина, а потоа повлечете се.

5. Постојано набљудувајте ги децата за да не пропуштите кога на некое од нив ќе му биде потребна помош.

6. Побрзајте тогаш кога ќе ве повикаат.

7. Слушајте ги децата и реагирајте на нивното обраќање.

8. Не ги прекинувајте во работата.

9. Почитувајте ги децата и никогаш не ги корегирајте оние кои грешат (учите учење, а не поправање).

10. Почитувајте ги оние кои се одмараат и набљудуваат како другите работат, не ги вознемирувајте и не ги принудувајте да работат.

11. Бидете постојани во понудата на работа на оние кои одбиваат и во подучувањето на оние кои се`уште не научиле, како и оние кои и понатаму прават грешки.

12. Поттикнувајте ги со тивок, полн со љубов и нежен глас.

13. На оние кои им сте потребни нека го почувствуваат вашето присуство, а на оние кои не им сте, бидете незабележителни.

14. Бидете невидливи за оние кои ја завршиле работата со сопствен труд и кои даваат инспирација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование