Петар Ниновски, основач на Бреинстер, лидерска компанија по број на вработени студенти, верува дека треба да се објави војна против инкрементализмот во високото образование:
- На формалното образование му се потребни храбри чекори, а не мали подобрувања. Факултетите треба да покажат дрскост и смелост. Ако факултетите сакаат да понудат образование што ќе ги подготви студентите за тоа што ги чека во иднина, тие треба да преземат радикални чекори. На факултетите ќе им се случи
Бреинстер Некст - вели Ниновски.
Решителни промени во образованието
Во време на постојани и глобални промени во технолошката индустрија, прашањето за трансформација на формалното образование продолжува да виси во некоја неизвесна зона. Некои неформални едукативни центри во светот веќе одамна размислуваат како да го револуционизираат образованието. Државните и приватните факултети, заглавени со својот скептицизам за промени, сѐ уште се обидуваат да најдат начини да останат во тек, задржувајќи го традиционалниот начин на едуцирање.
Традиционалистите можеби ќе се обидат да зачуваат некои заостанати форми на едукација, вооружувајќи се со термини како „зачувување на вредности“. Но, со тоа очајно се обидуваат да задржат модел кој повеќе не функционира во денешно време. Ако сите, како современи граѓани од работната сила, користиме паметни телефони, софтвери и различни дигитални алатки, тогаш што е тоа што нѐ спречува да го модернизираме и самото образование?
- На формалното образование му е потребна радикалност, не инкрементални подобрувања. Можеби државните и приватните факултети сметаат дека е „најекономично“ да не се преземе ништо или да се движат со мали чекори, од страв да не се направи грешка. Но, токму ваквото размислување е најголемата грешка! Со инкрементални подобрувања во високото образование можеби нема да се погреши многу, ама нема ни да се преживее. Несомнено е дека најризично за државните и за приватните факултети е да не преземат драстични чекори - вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер, Бреинстер Некст колеџ и Бреинстер Албанија.
Бреинстер Некст колеџ - иднината на образованието
Образовните институции имаат должност кон студентите. Време е да започнат со приспособување на напредните млади таленти. Освен теориско учење, потребно е факултетите со помош на практични методи да едуцираат и да подготвуваат способни индивидуи што ќе бидат спремни за придонесување кон заедницата.
Бреинстер Некст колеџот е прво применето високо образование во Македонија, пандан на северноевропските универзитети за применeти науки. Како студенти во високообразовна институција, дипломците на Бреинстер Некст колеџот се стекнуваат со титула Bachelor со 180 ЕКТС, исто како и другите факултети во земјата.
Тогаш, во што е разликата? Бреинстер Некст колеџот го модернизира и радикализира образованието во регионот, ставајќи фокус на практичните вештини на студентите.
Во Бреинстер Некст колеџот теоријата опфаќа околу 20% од предметите. Александар Клашниновски, генерален менаџер на колеџот, го потенцира фокусот на праксата на часовите, за разлика од теориското учење кое е во центарот на другите универзитети.
Александар Клашниновски
- На Бреинстер Некст колеџот предметите се учат практично, а теоријата се изучува во контекст на праксата. Студентите учат како да кодираат и да дизајнираат на самите часови, предводени од експерти и професионалци. На крајот, студентите се оценeти врз основа на нивното практично знаење со изработка на практични проекти. Секој пролетен семестар, финалниот предмет од годината е заснован на реален проект за некоја од нашите партнерски компании. Целта на овој реален проект е сумирање и практична имплементација на знаењата стекнати од практичното и теориското полагање на сите предмети од тековната година и нивна примена во реална средина, во каква што ќе се најдат студентите по нивното дипломирање и вработување - вели Клашниновски.
Во текот на студирањето, за студентите се организираат хакатони на кои во соработка со колеги од други области (дизајнери, програмери, маркетери, софтвер-тестери, дата-аналитичари) креираат концепт-решение со ограничена функционалност. Целта на овие „спринтови“, како што ги нарекува Клашниновски, е симулација на реална работа средина и изложување на предизвиците на кои ќе наидат студентите во работните средини.
Како #1 образование што вработува, за време на студирањето, Бреинстер Некст колеџот ги подготвува своите студенти за вработување и ги соочува со предизвиците во работната култура. За студентите следува двомесечна пракса за време на летниот распуст.
- Единствени сме што имаме предмети од индустрија. Тоа значи дека курикулумот за тој предмет го креира компанијата чии вработени го предаваат тој предмет под менторство на нашите професори. Курикулумот соодветствува на технологиите и принципите што ги користи компанијата во своето работење и на тој начин креира програма која ги учи и оценува студентите врз основа на нивните потреби и потребното знаење кое се очекува да го има вработен во таа компанија - изјави генералниот менаџер на Бреинстер Некст колеџот.
На постојното образование му следи трансформација
Децениски долгиот систем на образование мора да биде подложен на огромна промена. Промена која е диктирана со лесниот и брз пристап на интернетот, вештачката интелигенција и дигиталните алатки кои веќе одамна се применуваат во слободните пазари.
Малите измени нема да помогнат во поголемата слика на проблемот образование. На постојното образование му следи трансформација. Прашање на време е кога или на кој начин ќе се изведе промената. Одолжувањето не помага. Стравот од иновација и стравот од донесување радикални одлуки во образовниот систем им одмага на младите таленти кои често немаат друг избор, освен да се иселат од државата.
(Комерцијална објава)