X
 13.08.2016 Наука

Лоши вести за Земјата

energija

 

Непрофитната истражувачка група „Global Footprint Network“ која воглавно се фокусира на одржливоста, секоја година прогласува „Earth Overshoot day“. Податоците кои ги споделува секоја година, покажуваат колку брзо сме ги искористиле природните ресурси на планетата, а секоја година резултатите се се' полоши од претходната.


Групата користи едноставна формула за да го утврди овој датум. Таа го зема биокапацитетот на земјата или износот на природни ресурси на располагање, го дели со еколошкиот отпечаток на човештвото или колкав дел од ресурсите на планетата сме искористиле, а потоа го множи со деновите во годината.

Што се однесува до овие ресурси, не е само водата, земјата и храната, туку и складирањето на јаглеродот. Дојдовме до точка до која произведуваме повеќе CO2 во атмосферата отколку што шумите и океаните можат да ре-апсорбираат.

„Емисиите на јаглерод се најбрзорастечки придонесувач на еколошките отстапувања. Димензиите на јаглерод сега сочинуваат 60% од потребите на човештвото на природата“, се објаснува во соопштението.

Државите можат да надоместат за нивното индвидуално влијание со користење соларни панели или ветерници кои генерираат електрична енергија. „Global Footprint Network“ укажува и на тоа дека луѓето треба да јадат вегетаријанска храна со што ќе се намали нивната употреба на енергија и намалување на отпадот од хартија.

Мрежата го пресметува „Earth overshoot day“ уште од 1960 година, а записите покажуваат колку работите се влошиле. На пример, во 1961 година сме користеле само три четвртини од нашите годишни ресурси, но во 1970 година, ние сме ги потрошиле нашите годишни ресурси до 23 декември. Оваа година се означи почетокот на една многу мрачна реализација: секоја година резултатите се се' полоши.

Но, постојат добри вести. Додека во 1970-тите, денот се помести три дена порано, во текот на изминатите пет години, се намали на помалку од еден ден годишно. Записите покажуваат дека конечно се одвикнуваме од фосилните горива. Во 2015 година, Коста Рика беше во можност да ја напои целата земја со 100% обновливи извори на енергија во период од 75 дена без престан, додека Германија беше напојувана од 95% обновлива електрична енергија. Исто така, Португалија беше во можност да функционира без фосилни горива четири денови, а многу земји покажуваат дека обновливите извори на енергија сега се поевтини од фосилните горива.

Заедно со намалувањето на CO2 емисиите, Кина исто така се посвети на намалување на потрошувачката на место за 50% до 2030 година, што е еквивалент на забирање на 1 милијарда тони емисии на СО2. Многу градови прават сериозни напори за ослободување од пластични производи за еднократна употреба.

Постои доста работа која треба да се изврши и ни претстојат големи предизвици особено со оглед на тоа што се очекува населението на Земјата да достигне до 11.2 милијарди жители до крајот на овој век. Но ако земјите соработуваат една меѓу друга, и ако преземат амбициозни чекори кон глобалните климатски промени може да имаат можност да го прослават овој депресивен ден на есен наместо во средината на летото.

Нема потреба да ги трошиме ресурсите на Земјата за да се напојува светот. Постојат толку многу решенија со децении наназад кои се далеку повеќе енергетски ефикасни - на нас останува да започнеме да ги спроведуваме што е можно побрзо.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука