Во далечното минато денот траел 19 часа бидејќи Месечината била поблиску до Земјата. Научниците објасниле како растојанието помеѓу Месечината и Земјата и другите природни околности влијаат врз должината на денот.
Рос Мичел, геофизичар од Институтот за геологија и геофизика на Кинеската академија на науките, објаснил дека со текот на времето Месечината ја преместила ротационата енергија на Земјата подалеку од планетата.
- Повеќето модели на ротација на Земјата покажуваат дека должината на денот била пократка во минатото - изјавил Уве Киршер, коавтор на студијата.
Геолозите некогаш користеле траги од приливот и одливот на специјални седиментни карпи за да ја измерат должината на денот. Сепак, таквите траги се ретки, па дури и оние што биле зачувани често се оспоруваат. Постои уште еден начин да се процени должината на денот, односно со геолошка метода во која се користат ритмички седиментни слоеви за откривање на астрономските „милнаковички циклуси“ кои одразуваат како промените во орбитата и ротацијата на Земјата влијаат врз климата.
Фото: Pixabay
- Двата „миланковички циклуси“ - прецесија и наклон - се поврзани со осцилацијата и навалувањето на ротацијата на Земјата во вселената. Побрзата ротација на Земјата во минатото е забележлива преку периодот на пократка прецесија и навалување - објаснил Киршер.
Покрај приливот и одливот предизвикани од влијанието на Месечината, Земјата има и соларни приливи поврзани со загревањето на атмосферата во текот на денот. Атмосферските приливи на Сонцето не се толку силни како приливот и одливот на океаните, но тоа не е секогаш случајот. Додека Месечината ја забавува ротацијата на Земјата, Сонцето ја забрзува.
- Во минатото овие две спротивставени сили станале еднакви, што резултирало со тоа што должината на денот престанала да се менува и останала константна одреден временски период - објаснил Киршер.
Според него, должината на денот престанала да се менува на 19 часа, а тоа се случило пред една до две милијарди години.
Извор:
Jerusalem Post
Насловна фотографија: Pixabay