Кон крајот на 18-от век, кога Американците правеле нацрт на мрежниот систем на земјата, односно на мрежата од улици која ги делела градовите во квадратни делови земја, тие наишле на проблем на кој се наидува кога се прави мапа. Овој мрежен дизајн е дводимензионален и рамен, додека Земјата е тродимензионална и сферична.
Резултатот биле дисторзии на агли, дистанци, насоки и региони. За да се одбегнат грешки, улиците биле поместени соодветно и сите завршувале во агол. Холандскиот фотограф Герко де Руихтер првпат го забележал ова за време на неговата посета на САД, а тоа го инспирирало да работи на неговиот проект „Grid corrections“.