X
 13.08.2016 Живот

Мапа на најопасните земји во светот за туристите

После серијата бомбашки напади во текот на последните 24 часа во Тајланд, Министерството за внатрешни работи ги советуваше луѓето во туристичките места да бидат екстремно претпазливи, да избегнуваат јавни места и да ги следат упатствата на локалните власти.

 

земја


Четири бомби експлодирале во Хуа Хун, туристички град јужно од Бангкок, при што загинале две лица, додека во експлозиите што се случиле во Сурат Тани загинало едно лице.

Експлозии имало и во Патонг во Пукет, во Транг каде загинало eдно лице и во Панг Нга.

Туристичките локации биле цел на нападите, а се случија во петокот, за време на државниот празник по повод роденденот на кралицата Сирикит.

Иако засега не постои поврзаност со терористите кои стојат позади скоро сите неодамнешни напади, сепак постојат одредени шпекулации. Со оглед на сериозноста на ситуацијата и опасностите, на мапата погоре можете да видите кои земји се повеќе или помалку опасни за посета.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот