Еден град во Италија има цврст став околу огнометот и придружните елементи. Имено, огнометите се спектакуларна работа, но прават и неверојатна врева.
Италијанскиот град Колекио, кој се наоѓа во близина на Парма, одлучил да го реши проблемот со огнометите со тоа што во иднина тие ќе бидат тивки.
Причината за тоа е желбата за намалување на стресот, најпрво кај животните, бидејќи многу кучиња лошо го поднесуваат огнометот, па сопствениците мора да останат со нив дома. На тој начин градската власт смета дека многу жители ќе можат да се приклучат на прославата без да се плашат дека нивните миленичиња ќе бидат во шок.
Фото: Getty Images
Во Италија веќе постои компанија што специјализирала за тивки огномети. Нема никаква промена во изведбата на огнометите, па така и тивкиот огномет овозможува прекрасни форми и бои.
Познато е дека за време на огнометите многу кучиња се плашат и доживуваат срцев удар, но огнометот негативно влијае и врз птиците. Така, на пример, на дочекот на 2010 година во американската сојузна држава Арканзас од последиците од огнометот умреле 5.000 птици, кои буквално паднале од небо. Лабораториската анализа јасно потврдила дека птиците доживеале траума поради огнометот.
И луѓето може да имаат придобивки од тивкиот
огномет, особено децата и постарите.