X
 16.08.2016 Култура

Како да звучите паметно кога зборувате за Олимписките игри?

Колку настани постојат во седмобојот? Што е дресура? Олимписките игри се доволно бурни без дополнителната ментална гимнастика која е потребно да ја научиме или да ја знаеме за да се запознаеме со широк спектар на спортови во краток временски период.

 

тим


Секако, на „Google“ се наоѓаат илјадници податоци меѓутоа сето тоа може да ве збуни бидејќи често пати е нејасно објаснето.

Ова се некои работи кои треба да ги знаете кога станува збор за Олимписките игри во Рио.

Возрасната граница на машкиот фудбал е под 23 години, а дозволени се само 3 играчи над таа возраст


Освен што го ограничува бројот на познатите и славните играчи, јавноста има увид во следните фудбалски генерации. Доказ за тоа е кога во 2008 година, 22 годишниот Лионел Меси ѝ донесе на Аргентина злато на Олимписките игри во Пекинг.

Имате можност да се запознаете со старогрчки термини

Денешните Олимписки игри се многу различни од игрите во античка Грција, меѓутоа наследството на Грците може да се најде во имињата на некои спортови.

Пентатлон (пет настани), седмобој (седум) и десетобој (десет) се префикси кои потекнуваат од старогрчки, а маратонот се одржува во чест на Битката кај Маратон.

Постојат 3 видови на Олимписко мечување


Флорет, шпага и сабја - сите видови бараат различни видови вештина и се разбира, специјализирана опрема.

Канадската 112 годишна одбрана на медал во голф


На прв поглед се чини дека Канада е најдобрата земја во голф во светот, се' додека не сфатите дека голфот не бил дел од Олимписките игри од 1904 година.

Со повторно воведување на спортот ова лето, Брук Хендерсон е најдобриот играч на Канада кој ќе се обиде да ја оправда титулата на својата земја.

Веслањето со 8 луѓе нема соодветен наслов

Да, осум лица веслаат, меѓутоа екипажот се состои од 9 лица. Кормиларот го регулира ритамот и правецот на веслачите.

Раби 7 е совршен спорт за продолжено гледање




Најновиот спорт на Олимписките игри е одлично за сите оние кои сакаат продолжено гледање на спорт. Со 12 натпревари во првиот ден, ќе можете да ги гледате државите во едно седење. Доколку не го знаете спортот, еве едноставно објаснување: седум играчи од еден тим, против седум играчи од друг тим играат полувремиња од по 7 минути.

Модерниот петобој и не е баш модерен


Кога спортот бил воведен на Олимписките игри од 1912 година, војниците на коњи се'уште биле дел од војската.

И коњите се дел од Олимписките игри

Луѓето не се единствените кои се натпреваруваат за олимписки медал. За време на јавањето потребна е одлична вештина и кај коњите колку кај луѓето што ги јаваат.

Мајкл Фелпс е одличен, меѓутоа дали знаете за Кејти Ледецки?

Секој го познава Фелпс, најуспешниот олимпиец на сите времиња, со 22 освоени медали. Меѓутоа, добро би било да ја следите и Ледецки, 19 годишната американска пливачка која освои златен медал во Лондон и е силен фаворит и за оваа година.

Атлетиката широко отворена после руската забрана


Рускиот атлетичарски тим не се натпреварува на Олимпијадата. Ова отсуство создава можност за некои земји да профитираат, особено со оглед на тоа што Русија го освои второто место во генералниот пласман во атлетика на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Уште еден златен медал за американските кошаркари? И не баш


Американските кошаркарки имаат освоено пет златни медали, а мажите се на пат да го освојат третиот, иако Австралија, Шпанија и Канада се одлични противници во женскиот турнир, додека Аргентина, Франција и Литванија би можеле да претставуваат сериозна закана за американските кошаркари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура