X
 17.08.2016 Живот

10 едноставни упатства за ненасилно воспитување на децата

Физичкото казнување на децата е неприфатливо, особено како метод на воспитување – секогаш постои друг начин!

 

deca

 

1. Бидете доследни во сопственото однесување. На тој начин му давате позитивен пример на детето.
2. Пофалете го и охрабрете го позитивното однесување на детето – секогаш обрнете внимание на неговите позитивни постапки.
3. Обидете се да се ставите во негова позиција и прилагодете ги вашите очекувања на возраста и развојните можности на детето.
4. Овозможете му да ги искаже своите чувства и размислувања.
5. Дозволете му да ги изрази бесот, стравот и вознемиреноста.
6. Секогаш ислушувајте го внимателно.
7. Дајте му и побарајте објаснување за одредно негово однесување.
8. Поддржете го детето само да бара решенија за проблемите.
9. Извинете му се ако неправедно сте постапиле кон него.
10. Никогаш не заборавајте дека детето има свои права, своја личност и достоинство кои морате да ги почитувате.

Доколку овие препораки не вродат со плод, а вие сте сè уште бесни, обидете се со следново:

- Избројте до 10 пред да преземете нешто, за што подоцна ќе се каете.
- Плеснете со рацете, наместо да го удрите своето дете.
- Преместете го на сигурно – замолете го да се повлече во друга просторија, додека не ви помине лутината.


Бидете трпеливи и воспитувајте ги своите деца со љубов и разбирање.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот