Научниците веруваат дека можеби имаат увид во паралелен универзум кој се испреплетува со нашиот. Воочиле сигнали од многу далечни точки во универзумот, кои асоцираат дека материјата на нашиот универзум е нарушен од друг неверојатно различен универзум. Нивните анализи можно е да се доказ за теоријата за постоење на многубројни универзуми.
Истражувачите ја испитувале вревата и сигналите во космичките микробранови кои се остатоци од Бинг Банг – от и пронашле светли точки, кои веруваат дека се сигнали од друг универзум кој се испреплетува со нашиот билиони години наназад.
Според други космолошки теории, судири со алтернативни универзуми е возможна. Теориите индицираат дека нашиот универзум е како меур помеѓу многу други.
Кога еден универзум ќе се создаде преку бинг банг , тој никогаш не престанува да се ширил. Тоа важи за сите универзуми. Следствено на тоа, логично е тие меѓу себе да се испреплетуваат.
Експертите веруваат дека сигналот којшто е добиен покажува дека другиот универзум е екстремно поразличен од нашиот. Дека тој универзум има субатомски честички кои се 10 пати поголеми од оние на нашиот. Според тоа, се верува дека нашиот универзум е само еден регион во супер-регионот на универзуми кој постојано се шири.
По ова ќе следуваат уште многу истражувања, но може да се каже дека научниците се на патот да откријат нешто навистина интересно.