X
 11.04.2020 Наука

Професорка од Универзитетот „Оксфорд“: До септември ќе имаме вакцина за коронавирусот

Вакцината против коронавирусот може да биде достапна во септември, најави водечка професорка од Универзитетот „Оксфорд“, вклучена во истражувањето. Бројот на смртни случаи во светот се искачи на 103.230, а заразени се вкупно 1.705.766 луѓе.

Какво било опуштање на рестрикциите за изолација и социјално дистанцирање може да предизвика нов пик на заразени до откривањето на вакцината.

Но, Сара Гилберт, професорка по вакцинологија на Универзитетот „Оксфорд“, вели дека е 80 отсто сигурна дека вакцината на која работи нејзиниот тим ќе биде успешна.

Професорката се надева дека вакцината ќе биде готова до септември, додека испитувањата на човекот ќе бидат закажани за наредните две недели.

- Мислам дека постојат големи шанси да функционира врз основа на другите работи што ги имаме направено со овој вид вакцина - вели Гилберт.

kovid
Фото: Pixabay

На прашањето дали вакцината ќе биде готова до септември, професорката вели дека е можно, ако работите течат како што треба.

Во меѓувреме, министерот за здравство Мет Хенкок вели дека владата веќе се подготвува во случај вакцината да биде достапна за јавноста.

- Вклучен сум и знам многу работи за проектот на „Оксфорд“. Ќе ги искористиме сите ресурси за да добиеме вакцина поради огромните придобивки што ќе ги имаме ако ја добиеме вакцината - вели Мет.

- Но, не станува збор само за пронаоѓање вакцина и проверка дали е безбедна, тука е и нејзиното производство. Имаме способност за производство во оваа земја, но треба да се прошири. Тоа го правиме паралелно додека чекаме научниците да ја развијат вакцината - додава тој.

Извор: Metro.co.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука