X
 23.08.2016 Наука

Зошто се будиме вкочанети?

Биолози од Велика Британија пронајдоа доказ дека нашиот деноноќен ритам предизвикува да се чувствуваме вкочанети наутро во споредба со останатиот дел од денот. Ова подразбира дека вкочанетоста не е само од неколкучасовното лежење, туку од биолошката реакција која е определена со тоа колку нашите тела ги потиснува информациите во текот на ноќта. За да го истражат феноменот на утринска вкочанетост научниците од Универзитетот во Манчестер испровоцираа појава на артритис кај глувците со инјектирање колаген во нивните зглобови. Потоа тие ги набљудуваа зглобовите во текот на денот, откривајќи дека различно време дава различни резултати.

За време на ноќниот циклус, што научниците го следеа преку серија на светла, глувците доживеале многу мало воспаление. Но штом светлата беа вратени, за да стимулираат дневна светлина, стапалата на глувците со артритис значително биле потечени.

научниците работат на отривање на причината зошто се будиме вкочанети

Тимот научници изјавил дека овие разлики во воспалението доаѓа од специфичните клетки во шепата на глувчето што се нарекуваат фиброобласти, (fibroblast-like synoviocytes, FLC) кои работат на 24 часовниот циклус. Ова ја диктира количината на воспаление и од тука болката кај глушецот искусена е поради производство на одредени протеини.За да ги потврдат своите откритија без влијание на артритис, тимот работеше со FLS клетките од глувчето, отстранувајќи ги протеините што го регулираат дневно-ноќниот циклус за да увидат што ќе се случува понатаму.

Потоа научниците инјектираа клетки во глувчето со лекови кои ги предизвикуваат истите воспалителни протеини, како FLS клетките, што резултираше со намалување на воспалителните маркери. Тие го направија истото со човечките FLS клетки и ги открија истите резултати.

Овие податоци индицират дека воспаленито е предизвикано од сериозни комплексни биолошки системи што работат заедно за да го создадат деноноќен циклус. Во текот на ноќта воспалението се спушта полека во текот на денот.

Важно е да се забележи дека до сега тимот покажа дека човечките FLS клетки ги користат биолошките часовници за производство на анти-воспалителни протеини, но не е експериментално покажано како тие влијаат на луѓето.

Но ако овие резултати се применат за понатамошно тестирање на луѓето, тоа би ги водело научниците кон наоѓање на подобро лекување на воспалителни болести како хроничен артритис. Во исто време резултатите може да објаснат зошто се чувствуваме вкочането наутро. Добрите вести се дека во нашето тело се намалува воспалението кога спиеме навечер.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука