X
 25.08.2016 Технологија

Прстен со кој можете да вршите плаќање

Прстенот со кој што може да се изврши виза банкарско плаќање не е повеќе ограничен само за спортистите од Олимписките Игри во Рио. Сега секој може да го порача “NFC“ прстенот што ви овозможува преку еден допир да платите многу сметки во продавниците без да го извлекувате вашиот телефон или да го извртувате зглобот.

виза плаќање со прстен

За цена од 53 долари ќе може да го добиете прстенот со големина што одговара на вашите прсти, во месец Декември оваа година. Во споредба со часовникот на “Apple“, за употреба на прстенот не ви е потребен мобилен телефон штом ќе го поставите.

Прстенот користи специфични знаци за да го изврши плаќањето. Потребно е да ја држите дланката под одреден агол, но сепак прстенот е повешт и попрефинет од сите досега постоечки методи за плаќање.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија