На 23 август се одбележаа 25 години од првата интернет страна што станала достапна за јавноста. Страницата содржела неколку страни текст со неколку поврзани линкови и ја опишувала визијата за World Wide Web или светски распространетата мрежа.
Таа била креирана од Тим Бернерс Ли, британски научник во ЦЕРН, европската организација за нуклеарни истражувања на француско-шведската граница кај Женева. Страницата е креирана на 20 декември 1990, но дури во август 1991 година Бернерс Ли го објавил проектот јавно. По некое време 23 август 1991 бил именуван како Ден на интернетот, што сега се слави годишно за да се одбележи лансирањето на World Wide Web, иако нејзиниот креатор не е сигурен зошто е одбран токму овој датум. Тој смета дека нејзиното лансирање се случило на 12 март 1989, денот кога прв пат во ЦЕРН тој го претставил овој информациски систем што подоцна ќе прерасне во нешто многу поголемо.
Во оваа
архива се дискусиите на Бернерс Ли и други пионери во оваа област за раѓањето на интернетот.
Првата интернет страна била поставена од неговиот компјутер што сé уште се наоѓа во ЦЕРН, но не е веќе поврзан. Пред
World Wide Web постоеле други протоколи за пренос на информации, но бргу изгубиле на популарност после ова.