X
 17.08.2015 Технологија

Што експертите сакаат да знаете за безбедноста на интернет?

Секојдневно слушаме за хакерски напади, вируси и грешки со кои се загрозува приватноста на корисниците на уредите. Која е вистината за овие опасности? Новинарите од „Гизмодо“ разговарале со експерти за безбедност на интернет за да ги одвојат митовите од фактите. Еве што велат тие.

Добрата лозинка навистина може да спречи многу напади

Алекс Стамос од „Фејсбук“ вели дека најголемиот проблем е во тоа што медиумите се фокусираат на најкомплицираните хакерски напади и прават да изгледа дека корисниците не можат да се одбранат. Тој препорачува инсталација на менаџер за лозинки и користење на уникатни лозинки за секој сервис кој го користат.

Само затоа што еден уред е нов, не значи дека е безбеден

Еленор Саита од Меѓународниот институт за современи медиуми работела со владини организации и корпорации со години. Таа смета дека ова е еден од најопасните митови за безбедност. Тоа не е точно бидејќи многу уреди доаѓаат со веќе инсталиран штетен софтвер.

Дури и најдобриот софтвер има слаби точки

Многумина од нас сметаат дека силните софтвери и мрежи се совршено безбедни, но ова не е точно. Париса Табриз од „Гугл“ вели дека не постои софтвер без грешки. Некои грешки може да имаат влијание на корисниците, а некои не.

Секоја интернет-страница и апликација би требала да користи HTTPS

Постојат гласини дека HTTPS ги успорува страниците, но Питер Екерсли од ЕФФ интернет-страниците грешат многу што не го користат бидејќи само така корисниците се безбедни.

„Облакот“ не е комплетно безбеден, тој создава нови безбедносни проблеми

Денес сè чуваме таму - пораките, фотографиите, документите. Таму е побезбедно отколку што мислите, но со него доаѓаат нови безбедносни проблеми кои не се очекувани. „Облаците“ се многу покомплицирани места и таму може да се појават многу повеќе грешки.

Надградувањето на софтверот е важно

Пораките за надградување на програмите се здодевни и игнорирани од многумина. Меѓутоа, експертите сметаат дека тие се клучни за безбедноста. Тие ги поправаат проблемите кои веќе биле откриени. Не сакате да имате познати грешки на компјутерот, нели?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија