Интернетот има незаситен апетит за апсорбирање на бизарни фотографии од диви животни. Но постои голема можност овие фотографии да не се реални, колку и да ни носат радост и уживање. Страницата “ Вистината зад лажните фотографии нa природата (оригинално:“
Тruths Behind Fake Nature Photography“), која е “Facebook“ страна креирана од загрижени ентузијасти на природата, се обидува да ја едуцира јавноста со повик на фалсификати веднаш што ги посочат на самото место.
Страната која е креирана од 2015 година се карактеризира со светло зелени банери со лого “ Кажи не на на монтираните фотографии со бесмислени приказни“ (оригинално:"Say No to Staged Photos With Bullshit Stories"). Администраторите (не е јасно колку луѓе се во улога на администратори) постираат вирусни фотографии, што извираат од места како “Daily Mail“, а потоа даваат листа во која откриваат дека овие фотографии се лажни.
Земете ја за пример фотографијата од текстот каде жаба јава бумбар. Според постот на оваа веб страна, фотографијата е неверодостојна од неколку причини: жабата се појавува ноќе, нејзините прсти се сместени во неприродна, манупулирачка позиција.
Исто така админситраторите прават позадина истражување на самите фотографи кои ја навредуваат јавноста со лаги. Тие заклучиле дека лицето кое ја фотографирало жабата очигледно има неколку жаби како милениче, податок што покрена сомнежи.
Членовите се опишуваат себеси како “ентузијасти на природата“, но нивната работа е поблиска до проверување на фактите, тие разговараат со експертите по фотографија и собираат информации за јавноста.
Новинаркata Лизи Плаугик од “
The Verge“, имаше интервју разговор на Facebook со администраторите, кои побараа од неа да останат анонимни поради сензитивната природа на нивната работа. Еве до какви информации таа дојде.
Како одлучувате дека една фотографија е лажна?
Секоја лажна фотографија може да биде различна. Ние самите сме ентузијасти на природата, и може да насетиме кога одредени сцени се биолошки невозможни или не е можно да се случат по природен пат. Ние шириме пораки со селектирање на популарни лажни сцени и се консултираме со релевантни експерти на темата, за да се објасни зошто сцената е безизгледна и невозможна и ги собираме податоците во статија за со факти да се објасни нашиот напор и одбегнуваме да стане лична навреда некому.
Кои се знаците дека фотографијата е купена?
Фотографиите со лажен природен сет не е само за дигитално уредување на фотографии. Тоа вклучува предмети и неприродни околини, или она што ние го нарекуваме лажна природа. Па така може и ние да се прашуваме како некој може да каже дека фотографијата не е природна. За жал, нема очигледен начин што еден лаик може точно да го направи, поради тоа пошироката јавност лесно ја купува приказната што се прикажува на фотографијата. Ние имаме огромно искуство во оваа научна област и може да препознаеме ситуации во фотографијата што се биолошки невозможни или неверојтно смешни. Потоа фотографиите ги покажуваме на ескперти од соодветната област за коментар и верификација.
Дали ги контактирате фотографите доколу сметате дека нивните фотографии се лажни?
Ние се обидовме да ги контактираме на Facebook, но не добивме одговор, и покрај тоа што нивните профили се активни.
Дали сметате дека интернетот им оди во корист на фотографите да шират лажни фотографии од природата?
Дефинитивно. Ние исто така се сомневаме дека онлајн издавачка платформа како што е “Daily Mail“ помага во размножување на лажните приказни.
Што се надевате дека ќе постигните со вашата “Facebook“ група?
Да се престане со славење на лажни фотографии за природата. Ние исто така сакаме да промовираме вистински фотографии од природата што ја документира природата, а не создавање на вештачки природни ситуации со цел да се направи интересна фотографија.