Нови фотографии на НАСА откриваат необична пукнатина на глечерот Петерман во Гренланд, кој се заканува со ослободување на леден брег во Арктичкото море. Научниците не знаат како пукнатината се формирала, а стравуваат и за тоа што ќе се случи следно.
фото извор: NASA's Operation IceBridge
Иако пукнатините не се нешто необично на ледените површини, сепак ова ново откритие и алармантно бидејќи пукнатината е формирана на средината на глечерите во Гренланд, а не на рабовите, каде што обично се појавуваат.
Пукнатината го задржала вниманието на научниците во НАСА, особено на оние распределени на операцијата „
Operation IceBridge“. Должината на пукнатината е 70 километри, а е широка 15 километри. Научниците се загрижени бидејќи кога се појавуваат вакви пукнатини, глечерот станува се понестабилен. Друг проблем е што нивото на водата веќе е драстично зголемено. Никој од научниците не е сигурен како започнала да се формира пукнатината, но некои од нив сметаат дека причината е тоа што ледената површина на глечерот станала потенка на средината.
Загриженоста се зголемува бидејќи на фотографиите се забележува дека во непосредна близина на
пукнатината се формира и нова. За сега не се знае како ќе се одвиваат работите со пукнатината, но експертите постојано ја следат ситуацијата.