X
 27.08.2019 Живот

Обесхрабрувачки факти за Амазонија: Секоја минута исчезнува територија колку 3 фудбалски терени

Ужасните пожари ја доведоа Амазонија до точка од која нема враќање. Зошто оваа прашума ги претставува „белите дробови на светот“ и каква е состојбата на теренот, најдобро зборуваат следниве факти, кои воопшто не се охрабрувачки.

Иако покрива само еден процент од површината на Земјата, Амазонија е дом за 10 отсто од сите познати видови, а веројатно и многу што сè уште не се откриени, предупредува Светскиот фонд за природа.

Амазонската прашума се наоѓа во Јужна Америка и покрива површина од 5.500.000 квадратни километри. Тоа значи дека повеќе од половина од територијата на Земјата што е под прашума се наоѓа токму во Амазонија.

Таа опфаќа територии на девет држави. Најголем дел се наоѓа во Бразил (60 отсто), Перу (13 отсто) и Колумбија (10 отсто), додека остатокот го делат Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гванаја.

amazonija
Фото: Depositphotos

Во Амазонија живеат 33 милиони луѓе, но и 390 милијарди дрвја (постојат околу 16.000 вида дрвја во оваа прашума). Исто така, таа е дом на 420 автохтони видови, 40.000 растителни видови, 370 видови влекачи.

Бразилскиот истражувачки центар објави дека само оваа година на оваа територија избувнале 72.843 пожари. Исто така, статистиката покажува дека бројот на пожари пораснал за 83 отсто во споредба со претходната година. Најголем број на пожари имало во 2013 година.

Секоја минута, поради пожарите, исчезнува територија со големина на три фудбалски терени.

На сателитските снимки што ги објави НАСА се гледа обемот на оваа катастрофа што кулминира овие денови и предизвика протести од здруженијата за животна средина. Исто така, доби и политичка димензија како на домашна сцена во Бразил така и на глобално ниво.

Во борбата против пожарот се приклучија 44.000 бразилски војници. Ова е најзначајната битка во нивните животи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот