Не е секогаш едноставно да им се допаднеме на луѓето. Тоа не е генетски наследно и зависи најмногу од нашето однесување. Освен да се биде љубезен, постојат неколку психолошки трикови што ќе ви помогнат да изгледате попријатни и подопадливи. Дали со истите ќе се согласите или не, е резултат на личната перцепција.
Со веѓи свиткани нагоре завртете ги аглите на усните исто нагоре: целта е да имате лице што влева доверба. Истражувачите многу обрнуваат внимание на фацијалните експреции при комуникацијата. На Универзитетот Принстон спроведено е истражување токму за нив при што се заклучило дека оваа поставеност на веѓите и усните е
најдопадлива.
Внимавајте на држењето на телото: луѓето веднаш даваат суд за држењето на телото и тоа е примитивен инстинкт во ситуации кога има некоја закана. Доброто држење изгледа релаксирано и отворено. При седење, грбот е исправен, а рамената опуштени. Ако ја префрлате тежината или го виткате грбот изгледате како да ви е е неудобно. Затворените раце се знак за непријателство и недостиг на интерес. Затоа држете ги покрај себе.
Не ја глумите насмевката: насмевката е добра алатка за да изгледате допадливи, но подобро е да ја немате воопшто отколку да се смеете вештачки. Вештачката насмевка веднаш се препознава. Вистинската насмевка освен усните ги вклучува и усните, а вештачката е асиметрична.
Користете емотикони: нормално, не е пристојно да се користа на работното место и во официјалната комуникација, но користете ги секогаш кога можете во неформалното комуницирање. Во култура што се базира на текс и пишување со електронската комунукација луѓето имаат формирано сосема нов аспект на врските со другите луѓе. Емотиконите ги заменуваат гестовите, фацијалните експресии и разни реакции кои би ги направиле ако комуницираме во живо.
Навалете ја главата: благо навалување на главата на една или друга страна дава до знаење дека сте релаксирани и не сте закана за соговорникот. Каротидната артерија на овој начин е изложена на опасност, па ако ја навалите главата покажувате дека имате доверба во соговорникот.