X
 08.03.2024 Живот

На „Тик-ток“ се споделува трик за поудобен лет, експертите велат дека тоа е опасно

Новиот тренд на „Тик-ток“ ги наведува патниците да станат креативни во обидот да се чувствуваат удобно додека се во авион, а експертите предупредуваат дека тоа може да биде исклучително опасно.

На платформата се појавиле неколку видеа на кои се гледа како патниците во авионот користат појаси за да ги задржат нозете на седиштето. Наместо да го врзат појасот околу половината, патниците го завиткуваат околу долниот дел од нозете и глуждовите.

- На тој што ми рече да го ставам појасот околу глуждот... животот ти го должам“, било наведено во едно од видеата на оваа тема.

Видеата моментално имаат милионски прегледи, со различни реакции во коментарите. Додека некои сметаат дека трикот е фантастичен, други истакнуваат дека е сомнително колку е безбеден.

Стјуардесите и другите експерти предупредуваат за безбедноста. Стјуардесата Шенон Блевинс коментирала: - Јас сум стјуардеса. Ве молам, не правете го тоа. Знам дека е удобно, но ако наидеме на неочекувани турбуленции, не сте заштитени. Тоа се случува почесто отколку што мислите!

Мајкл Валас, експерт за патувања и извршен директор на даночната служба за иселеници „Гринбек“ од Детроит, Мичиген, предупредил дека овој тренд на летање не е најбезбедната опција.

- Секогаш бараме начини да ги направиме нашите летови попријатно искуство. Со помали седишта, подолги летови и некои клучни погодности, не е изненадување што се насочивме кон некој тренд што ќе го направи нашето патување малку попријатно - рекол тој.

@madsingoldsbyy

♬ Murder On The DanceFloor - speduqaudio

Но, додал дека овој тренд треба да се земе со резерва: - Иако ставањето појас околу глуждовите може да ви даде краткорочна удобност, тоа е всушност неверојатно опасна работа. Во случај на ненадејни турбуленции, вашиот сигурносен појас треба да биде врзан околу половината.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот