X
 10.11.2024 Живот

Оваа намирница помага против мамурлакот

Повеќето од нас барем еднаш имале мамурлак. Иако една чаша (повеќе) претходната вечер се чинела како добра идеја, не е така следното утро кога ќе се разбудите со главоболка или мачнина. Тогаш треба да се обидете да го излекувате мамурлакот што е можно поскоро. Колку и да сакате да останете в кревет, има неколку работи што можете да ги направите за што побрзо да ви стане подобро. Нутриционистот Дороти Вудс објаснува зошто треба да го пробате овој лек.

Еден од најлошите делови на мамурлакот е вознемирениот стомак, кој може да ја намали желбата за јадење и пиење и со тоа да го продолжи вашето закрепнување. За среќа, Дороти има одличен предлог како да си помогнете, само треба однапред да размислите и да го додадете во фрижидер пред да излезете на пијачка.

- Ѓумбирот е еден од најдобрите домашни лекови за мачнина. Направете чај од ѓумбир или ужина со кристализиран ѓумбир за да го смирите вашиот стомак - објаснила таа.

Студија од 2014 година испитувала како ѓумбирот може да спречи мачнина, па дури и да спречи повраќање. Студијата била наменета да им помогне на бремените жени, оние што се подложени на третман за рак и оние што страдаат од мачнини. За мамурлак се препорачува да се држите до чајот од ѓумбир или неговата кристализирана верзија.

Покрај ѓумбирот, Дороти понудила и други лекови против мамурлак кои вклучуваат замена на изгубените електролити.

-Алкохолот ве дехидрира, затоа пијте вода пред спиење и погрижете се да останете хидрирани следниот ден. Кокосовата вода или спортските пијалаци можат да помогнат да се заменат изгубените електролити - објаснила таа.

Таа додала дека наредното утро треба да одолеете на омилената храна и подобро е да изберете поздрави опции.

- Прескокнете ја мрсната храна и наместо тоа, изберете балансиран појадок со јајца, банани и овесна каша. Јајцата се полни со цистеин, кој може да помогне во разградувањето на токсините, додека бананите се одличен извор на калиум, а овесната каша помага да се обезбеди стабилна енергија. Како полесна опција, направете смути со бобинки и спанаќ, ќе биде полно со антиоксиданси - заклучила таа.

Извор: vecernji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот