X
 01.09.2016 Култура

Како работодавците ги користат социјалните мрежи за регрутирање кандидати?

менаџери 

 

Платформите на социјалните медиуми како што е Фејсбук се идеално место за работодавците да ги запознаат своите потенцијални вработени.


Секако, на Фејсбук постојано се вртат реклами од различни компании и за различни цели - тие не се нешто ново. Сигурно сте виделе и огласи за работа за работни позиции и индустрии кои се надвор од вашето поле. Причината поради која се појавуваат кај вас е тоа што регрутерите бараат личности со вашите способности и вештини, врз основа на информациите кои Фејсбук ги знае за вас и за вашето однесување на социјалната мрежа.

Како што поголем број работодавци и менаџери за регрутирање ја користат оваа алатка, експертите предупредуваат дека ваквите алатки на работодавците им овозможуваат да вршат дискриминација врз основа на возраста, етничката припадност, религијата и полот.

Како функционира сето тоа?

„Facebook Ads“ е сервис кој на компаниите им овозможува да платат и да постават реклами на почетната страна на корисниците. Кога поставуваат реклама, компанијата може да избери кај кој тип на личност, возраст, пол, интереси, раса, вера и други карактеристики ќе се појавува оваа реклама.

Секако, Фејсбук не е единствената социјална мрежа која овозможува насочено рекламирање - било која платформа што собира податоци за своите корисници може да понуди слични услуги. И Инстаграм го користи ова насочено хипер-рекламирање, додека ЛинкедИн им овозможува на менаџерите за регрутирање да создадат таргетирани реклами врз основа на возраста и полот, но не и на расата и сексуалната определба.

Портпаролот на Фејсбук вели дека компанијата не може да каже колкав број на регрутери ја користат алатката.

Со 1.13 милијарди активни корисници во текот на денот, Фејсбук е место кадешто можете да пронајдете кандидати за сите видови на работни места. Разновидноста на луѓето на Фејсбук значи дека агенциите за реклами мораат да бидат специфични и точни во нивното таргетирање. Токму кога ќе погрешат, ние ги гледаме оние огласи за работа кои се неважни за нас.

Но Фејсбук не сака грешки, па така ги наградува агенциите со пониски трошоци ако публиката е заинтересирана за огласот, а ја казнува ако не е.

Во земји како Америка и Велика Британија, федералните закони за човекови права забрануваат регрутирање на начин на кој се дискриминираат луѓето врз основа на возраста, расата, религијата, полот, бременост, инвалидитет или сексуална ориентација.

Иако овие реклами и огласи може не се појавуваат како дискриминаторски, сепак дискриминаторски е процесот на таргетирање на овие реклами до некои луѓе, додека други луѓе се исклучуваат.

Политиката за рекламирање на Фејсбук вели дека „не смеат да се користат опциите за таргетирање за дискриминација, малтретирање, провоцирање или обезвреднување на корисниците“, а рекламните агенции на Фејсбук мораа да обезбедат нивните реклами да се во согласност со законот“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура