Сигурно сте во групата која мисли дека „Фејсбук“ или следењето вести е најчестата причина за одвлекување на вниманието од работата. Се чини дека социјалните мрежи и сурфањето сè уште не можат да се натпреваруваат со разговорите или паузите за кафе како најголемите причини за бесполезно трошење на времето во текот на работното време
Според нова анализа спроведена на над 1.000 американци кои имаат работа со полно работно време, спроведена од „Bamboo HR“, класичните активности во работното време одвлекуваат повеќе внимание од дигиталните активности.
Според анализата, кога не работат, вработените најчесто се фокусираат на:
1. Паузи за вода, кафе или цигара
2. Тоалет
3. Разговор со колеги
4. Разговор со членови на семејството (телефон, мејл, социјални мрежи)
5. Сурфање на интернет
6. Разговор со пријатели кои не се поврзани со работата (телефон, мејл, социјални мрежи)
7. Социјални мрежи за цели неповрзани со работата
8. Гледање ТВ (со мобилен телефон или на компјутер).
Но, анализата открива и дека поголемиот дел од вработените сметаат дека овие паузи ја зголемуваат продуктивноста за време на работата. Дури 68% од испитаниците се согласиле дека паузите се добри за работата.
Други истражувања, пак, покажуваат дека социјализацијата на работното место води до повеќе пријателства, што ја зголемува среќата, а со тоа и заработката, известува „
Fast company“.