X
 04.05.2024 Живот

Колку време поминувате на социјалните мрежи - ова се симптомите од прекумерното користење

Неврологот Рејчел Самерс ги користи социјалните мрежи за да сподели совети и трикови за подобрување на менталното здравје.

Таа неодамна открила дека не треба да поминуваме повеќе од 30 минути дневно на социјалните мрежи.

- Прекумерната употреба на „Инстаграм“, „Тик-ток“ и „Х“ може да биде причина за појава на депресија и анксиозност - истакнала таа.

Таа зборува за студија која покажала дека поминувањето максимум 30 минути дневно на социјалните мрежи го намалува ризикот од осаменост, депресија и анксиозност.

- Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно поминувате премногу време на социјалните мрежи. Други симптоми на прекумерна употреба на социјалните мрежи се анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки - истакнала таа.

-Ако имате некој од овие симптоми, намалете ја употребата на социјалните мрежи за 20 проценти - советува Самерс.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот