X
 02.09.2016 Живот

Најлошите и најдобрите имиња на бебиња низ светот

Кога се одлучувате за името на вашето дете, осигурајте се дека е нешто што и вие, а и вашето дете ќе го сака во иднина.

 

дете


Истражувањата покажуваат дека повеќето родители зажалуваат за дадените имиња на нивните деца. Во истражувањето спроведено од „Mumsnet“ во кое учествувале над 1.000 родители, резултатите покажуваат дека 18% од нив зажалиле за дадените имиња на своите деца, а 25% им го дале името поради популарноста на името. Да, најпопуларните имиња може да се оние поради кои родителите најмногу зажалиле дека ги дале.

Во случај да ве интересира, најпопуларните имиња за 2016 година се:

Девојчиња


1. Оливија
2. Амелија
3. Шарлот
4. Ава
5. Исла

Момчиња

1. Езра
2. Ашер
3. Атикус
4. Деклан
5. Оливер

Зошто некои родители се каат поради тоа што им дале одредено име на своите деца?


1. Често се употребува - 25%
2. Едноставно не е вистинското- 21%
3. Никогаш не ми се допаѓало, меѓутоа имав притисок да го дадам 20%
4. Не е доволно различно - 11%
5. Му/Ѝ предизвикува проблеми со изговорот - 11%
6. Не е името кое му/ѝ одговара - 11%
7. Секој го нарекува со кратенка, што не ми се допаѓа - 6%
8. Никогаш не ми се допаѓало - не знам зошто го избрав - 6%
9. Се случи промена во перцепцијата за името откако се роди моето дете - 3%
10. Се грижам дека тој/таа нема да биде сфатен/а сериозно - 2%
11. Позната личност го крсти своето дете со тоа име - 1%
12. Неговите иницијали се засрамувачки и несоодветен акроним - 1%
13. Друга причина - 34%

Имињата за кои најмногу родителите зажалиле што ги избрале се Елса (кое стана популарно после цртанот „Frozen“) и Исис (бидејќи така се вика терористичката група која ѝ стана позната на светот откако се роди моето дете).

Минатата година, корисниците на „Reddit“ составија листа од најлошите имиња за деца:

1. Елизабрет
2. Маверик
3. Аливија/Оливија
4. Бејби
5. Литл Свитмит
6. Невах
7. Дејнџер
8. Норт Вест
9. Харли-Куин
10. Беберли
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот